Охридските “бели “претрпеа минимален пораз 1-0  од Скопје на “Билјанини“ во рамките на 16 – то коло од Втората МФЛ. “Рибарите“ одиграа натпревар без жар, без идеја и неможе да ги разбијат гостите од Скопје  кои концентрирани на својата половина од прекини и контра напади ја бараа својата шанса.


По статичното прво полувреме, гостите во предност дојдоа преку најдобриот стрелец во Втората МФл Мојсовски кој со глава ја затресе мрежата на Капрически , покрај заспаната охридска одбрана. За Мојсовски ова беше 12 погодок во шампионатот.


Во финишот на мечот Клечкароски  ја имаше најубавата прилика но неговиот удар заврши во одбранбениот бедем. За охриѓани ова е втор натпревар во серија како не успеваат да ја погодот противничката мрежа.

Поразот од Скопје во голема мера ќе ја закомпликува борбата за опстанок на охриѓани.

М.П.