Македонската ракометна репрезентација претпре неочекувано висок пораз од Португалија со 32-25 (18-13) во вториот меч од квалификациите за ЕП во Данска 2014 година.
Одамна македонскиот ракометен состав не одиграл така лош меч. Техничките грешки се множеа како одминуваше времето, одбранта не беше на потребното ниво, а стереотипниот напад беше лесно прочитан од домаќините.
“Црвено-жолтите“ во неколку наврати стигнаа до негатави од два гола имаа и напад, но Лазаров, Манасков и Стоилов не реализира. Како по правило следуваше молскавичен одговор на Корнеиро и другарите кои со овој висок тримуф направија огромен чекор кон Данска.
По две одиграни рунди, Македонија има половичен ефект. Следува дво меч со фаворитот во нашата група Шпанија. Доколку ја повториме играта со Португалија, тешко ни се пишува.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com