Охридските ракометари со триумф против Преспа 26-20 (9-7) стартуваа во плејаутот и направија чекор напред кон обезбедување на опстанок во Супер лигата.
Иако добро го започна мечот сепак првиот дел домашните ракометари го одиграа во грч постигнувајќи само девет погодоци. Но, благодарание на одбраната која прими само седум погодоци на одмор заминаа со +2 (9-7).
Во вториот дел по голот на гостите распали Соколов, кој дури седум пати ја тресеше мрежата на „црно жолтите“ и тоа веднаш се одрази со поголема разлика на семафорот. Во преостанатиот дел од натпревар охриѓани рутински ја зачуваа предноста и ги прокнижија првите три бодови во плејаут лигата.
Во следната рунда охридските сини гостуваат кај лидерот во плејаутот екипата на Радовиш.
РК Охрид : Пецаков (2 одбрани), Анѓелкоски, Костески (10 одбрани), Анѓелкоски, Наумоски, Андоновски 5, Б. Белевски 5, Мирков 1, Николоски, Трифуноски 4, Тасески, Поп-Стефанија, Соколов 8, Крстески, В. Белевски 3.
РК Преспа : Нечков (4 одбрани), Ристевски (7 одбрани), Леровски 4, Шабединовски 1, Печенковски 9, Камчев 1, Ѓоргиоски 4, Тасевски 1, Јошевски, Најдовски, Георгиески, Котевсски, Кираноски, Крстески
Мх.П.