Женскиот ракометен клуб Моби Дик чекори кон пласман во Супер лигата. На гостувањето во Кичево кај истоимената екипа охриѓанки триумфираа со 36-28 (17-13).

Избраничките на тренерскиот тандем Јованоска и Смилеска на мечот со кичевчанки покажаа дека се работи за квалитетен состав и сосема заслужено се наоаѓаат на врвот од Првата женска ракометна лига.

Меч за паметење одиграа Ристовска која постигна 11 погодоци и чуварот на мрежата Глигорска која имаше 14 успешни интервенции. Левиот бек Јованоска застана на осум погодоци, а Талевска и Николовски реализираа по шест.

Ако „китовите“ продолжат во ваков ритам да ги „мелат“ противниците пласманот во Супер лигата нема биде воопшто загрозен.

Мх.П.