Фудбалерите на Вест Хем го освоија целиот плен на „Гудисон Парк“, победувајќи го Евертон со минимални 0-1 (0-0), во првиот натпревар во Новата 2021 година во англиската Премиер лига.

„Чеканите“ иако во Ливерпул допатуваа да не загубат, сепак, на дуелот со Евертон имаа повеќе и поубави шанси за погодок. Една од нив реализираа во финишто на натпреварот, кога чешкиот фудбалер Томас Сучек се најде на вистинско место после ударот на бекот Чилвел.

„Карамелите“, кои беа во добра серија на домашен терен во последните минути не успеаја да постигнат погодок со кој ќе се спасеа од пораз.

Денешната програма ќе се комплетира со мечот на „Олд Трафорд“, помеѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила.

OhridNews