Со натпреварот помеѓу ко – домаќинот Швајцарија – Чешка во 18 часот започнува 13-то по ред ЕП во фудбал.
16 репрезентации поделени во четири групи во наредните 23 дена ќе бидат наши редовни гости преку малите екрани. По одиграните 31 натпревар, на 29 Јуни ќе биде познат новиот континентален првак.
Бранител на трофејот “Анри Делонеј“ е Грција, додека “главни“ фаворите се светскиот првак Италија, потоа Франција, Германија, Холандија.Евро собирот ќе биде осиромшен за неиграњето на колевката на фудбалот Англија.
Вкупно 8 града ќе бидат домаќини на првенството. Базел, Женева, Цирих и Берн ќе ги угостат земјите што се во Швајцарија, а Инсбрук, Салцбург, Клагенфурт и Виена во Австрија. Виена ќе биде домаќин на финалето на 29 јуни. Ова е вторпат две земји да бидат заеднички организатори на ЕП, по Холандија и Белгија во 2000 година.
Денес на програмата:
Група А
18.00 Швајцарија – Чешка
20.45 Португалија – Турција