Американецот Валтер Бреунинг во вторникот во својот дом во Монтана прославил 114 години. Најстариот човек на светот живее во дом за стари лица, а вдовец останал во далечната 1957 година. Тој и сопругата немале деца. Титулата за најстар човек ја наследил од Хенри Алингам кој починал на 113 години во 2009 година.


Алингам сметал дека за неговиот долг живот се заслужни цигарите, вискито и дивите жени. Валтер роденденот го прославил со цимерите од домот за стари лица, а многу стоеле во ред за да го видат Валтер. Пред насобраните се присетил дека како мал живеел без струја. Како изум на новото време најмногу му се допаѓа компјутерот.