Двајца браќа од Њујорк, кои освоиле огромна сума пари на грепка купена во 2006 година, чекале повеќе од шест години како би ги подигнале парите. Енди и Најел Ашкар, по потекло палестинци, пред шест години освоиле пет милиони долари. Тие пари можеле од корен да ги променат нивните животи, но тие токму поради одлучиле тој момент да го одложат на некое време. Двајцата милионери неодамна ја презеле добивката, 11 дена пред истекувањето на рокот.

Постариот брат објаснил дека долго чекале бидејќи се плашеле дека богатството може да ги расипе. Младиот, сепак стравувал дека девојката која штотуку ја запознал ќе остане со него само поради парите. Шест години подоцна девојката го „положила “ испитот, а сега ја чека наградата од два милиони долари која му припаѓа на нејзиниот сопруг. браќата грепката ја купиле во продавницата која ја држат нивните родители кои емигрирале од Ерусалим во САД пред повеќе од 40 години.