Една млада американка минала скоро два дена пред продавницата на Ејпл во Њујорк како би била меѓу првите кои ќе го купат новиот модел на Ајпод, но на крајот одлучила своето место да го продаде за 900 долари. Студентката Аманда Фути чекала повеќе од 40 часа, воглавно на дождливо време, а за сето тоа време речиси воопшто не спиела.


И предложиле да го продаде своето место за 900 долари, а таа ја прифатила понудата. Со парите кои ги заработила има намера да оди на концерт на Лејди Гага. Новиот производ на Ејпл предизвикал вистинска еуфорија. Едно момче долетало специјално од Франција како прв би го купил новиот модел, и што излегол од продавницата веднаш се вратил на аеродром каде го чекал авионот за враќање дома.