Службата за корисници на компанијата „Вирџин Медиуми“ ја оставила британката Тања Дејвис на чекање цели 12 часа. Врската успеала да ја добие дури по 20 обиди. Маратонското чекање на бесплатната линија за техничка поддршка во Индија започнало околу 11 часот.


Тања изјавила дека слушалката ја држела еден час, а потоа ја заменило нејзниото момче. За целото чекање ја слушале истата песна, која е во изведба на Бритни Спирс. Најпосле, по 12 часа ги споиле со операторот кој не можел да поверува колку долго биле на чекање. Порпаролот на компанијата изјавил дека го истражуваат случајот.