„Comcast“, најголемата кабелска и една од најголемите телефонски, интернет и медиумски американски корпорации, неможе да се пофали со својата служба за корисници. Јутјуб корисникот Арон Спеин чекал на јавување на оператор, кое на крајот не ни го дочекал, околу три часа. Своето неугодно и фрустрирачко искуство го прикажал со снимка која ја објавил на својот Јутјуб профил.

Со својот втор мобилен телефон ја повикал службата за корисници по што сватил дека повеќе не работат, а неговиот прв повик сеуште бил на чекање. Првиот повик бил упатен во работното време, но откако тоа завршило, Арон го оставиле да чека. Од корпорацијата велат дека ова го сватиле многу сериозно и дека ја истражуваат ситуацијата на господинот Спеин. Сакаат да му се извинат и да му дадат до знаење дека неговото искуство е апсолутно неприфатливо.