Центар за култура „Григор Прличев“

Од 07.11.2023 - 20:00 до 07.11.2023 - 22:00

Бекетовата „Чекајќи го Годо” во режија на Сашо Миленковски, повторно ќе биде одиграна пред охридската публика на 7-ми ноември.

„Чекајќи го Годо” е едно од клучните драматуршки дела на XX век. Идејата е во бесмислата на животот која сепак е поткрепена со надеж за подобра иднина и пронаоѓање на смислата. Надеж, дека утре ќе биде подобро, дека утре можеби ќе дојде Годо.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Филип Кипровски и Ангел Ристоски.

Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. Карти по цена од 200 денари може да се купат на билетарата на Центарот.

OhridNews