Првиот човек на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин се против идејата на големите клубови за формирање на Супер лига. Највлијателните клубови во европски рамки сакаат да формираат лига која ќе биде самостојна и надвор од ингеренциите на УЕФА.

  • Јас немам дилеми и ќе се борам против лигата се додека имам моќ односно сум претседател на УЕФА. Формирањето на таквата лига ќе биде погубна за фудбалот, бидејќи дерби средбите помеѓу ривалите од две различни земји ќе биде секојдневние и нема да има драж како што е во Лигата на Шампиоини. -изјави Чеферин.

Големите клубови почетокот на Супер лигата го најавуваат од 2021 година, а за година дена треба да се обелодени кои екипи ќе започнат и во каков формат ќе се игра. На стартот елитната лига би броела 11 клубови, а ќе достигне бројка до 16 екипи.

OhridNews