Чеде Јаневски е наследникот на Здењек Земан на клупата на Црвена Звезда.
Како што пренесуваат српските медиуми 47 – годишниот Јаневски е избор на новиот спортски директор на Црвена Звезда Илија Ивич. Јаневски е поранешен асистент на норвешкиот стручњак Тронд Солид, со кого соработуваше во Бриж од 2005 до 2007 година, а потоа и во грчкиот Олипијакос од каде датира неговото пријателство со Ивич.
Јаневски е поранешен играч на скопски Вардар и белгискиот Бриж. Македонскиот интернационалец како тренер со екипата на Бриж во 2007 година го освои Белгискиот Куп. Моментално работи во Ал Сааб во Обединетите Арапски Емирати.
ohridnews