Џастин Лаукок во гнездото на чавка го пронашол прстенот со дијамант кој и го купил на својата вереница Јулија Боалер. Цело време мислеле дека прстенот бил украден додека Јулија се туширала.


„Бев очајна кога го снема прстенот, но ни на Џастин не му беше мило“ – рекла Јулија.

Го оставила на прозорот и отишла да се тушира, но кога се вратила повеќе го немало. Мислела дека можеби некој го украл од прозорот.

После 3 години кога Џастин го средувал дворот, здогледал гнездо од чавка, а кога се качил до гнездото го видел прстенот внатре.

„Се наежив, цело време бил таму“ – рекла Јулија