Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави Ернандез, оцени дека трката за шампионската титула во Шпанија сè уште не е завршена, иако каталонскиот клуб има предност од 11 бодови пред актуелниот шампион Реал Мадрид.
Барселона синоќа забележа гостинска победа над Виљареал со 1-0 во рамки на 21 коло во Ла Лига и води на табелата со 56 бодови, 11 повеќе од второпласираниот Реал, кој има одиграно натпревар помалку.
Ненадоместлива предност во трката за титулата? Тоа не е точно. Има уште многу натпревари до крајот на првенството. Меѓутоа, среќни сме што се наоѓа во серија од победи и играме добро. Задоволен сум, изјави Чави.
Барселона е во серија од шест прволигашки победи, а во следното коло избраниците на Чави ќе играат на домашен терен против Кадиз.
OhridNews