Легендата на Барселона и шпанскиот фудбал, Чеви Ернендез, соопшти дека е заразен со коронавирусот.
Чави кој е тренер на Ал Сад во Катар, информацијата дека е позитивен на вирусот Ковид-19 ја објави на својот профил на „Инстраграм“.
Тој напишал дека чувствувал само благи симптоми на вирусот.
Поради коронавирусот тој ќе го пропушти почетокот на сезоната во Катар. Додека е отсутен тимот на Ал Сад ќе го води неговиот помошник Давид Пратс.
Ал Сад пред неколку дена го официјализираше трансферот на поранешниот соиграч на Чави од репрезентацијата Санти Казорла.
OhridNews