Преговорите меѓу катарскиот Ал Сад и шпанската Барселона за враќање на Чави во каталонскиот клуб се во завршна фаза, јавуваат светските агенции.

Висока делегација на Барселона од средата вечер е во Доха со цел да ги убеди лидерите на катарскиот клуб да се откажат од својот тренер, кој е на чело на Ал Сад од 2019 година и има договор до 2023 година.

Легендата на Барселона од своите фудбалски денови, 41-годишниот Чави, изјави вчера дека „се радува на враќањето дома“ и оти постигнувањето договор меѓу двата клуба е прашање на „здравиот разум“.

OhridNews