Тренерот на Барселона, Чави, може да добие отказ од каталонскиот клуб, пренесува „АС“.
Според шпанскиот весник, ваква одлука би можела да биде донесена во случај на пораз или реми помеѓу Барселона и Порто во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Натпреварот помеѓу Барселона и Порто ќе се одигра вечер на Олимпискиот стадион „Луис Компани“ со почеток во 21 часот.
OhridNews