Американските физичари направиле часовник кој е толку точен да нема да погреши ни секунда во наредните 200 милиони години. Со тоа „стариот “ атомски часовник кој гарантираше прецизност за следните 80 милиони години е ставен на второ место за точно покажување на времето.

Дизајнерот Јун Је ја открил и тајната на прецизноста. Имено се работи за брзината на отчукувањата на часовникот според која може да се одреди дали часовникот ќе доцни или не. Јин Је конструирал часовник кој има 430 трилиони отчукувања во секунда.


откриен супер прецизен часовник

Часовникот го користи хемискиот елемент стронциум кој е распореден во ласерска мрежа и им овозможува на научниците да да го посматраат движењето на на енергијата во мрежата.

Ваквиот часовник секако не е за да ви виси на кујнскиот ѕид, туку е од голема важност за научниците за пронаоѓање на  некои одговори за природата на вселената, а исто така може да биде корисен и за ускладување на телекомуникациските мрежи.Во иднина може да се искористи и за сателитско наведување на автомобилите во кои вие единствено ќе чекате да пристигнете на одредиштето.

ohridnews