Една швајцарска компанија направила часовник вреден околу 200 илјади евра, од вистински коски на диносаурус. Во компанијата Луис Моинет направиле 12 вакви часовници, во кои вградиле 18 каратно злато и коски од диносаурус.


Необичниот часовник го нарекле „Истражувач на времето“. Еден од фановите на диносаурусите коментирал дека е прекрасно да носите на раката вистински коски од тие животни кои се изумрени пред милиони години.