Часовникот кој му припаѓал на Елвис Присли, и корсет кој Мадона го носела на својата “Blond Ambition” турнеја ќе се најдат на аукција во Лондон. Часовникот, проценет на 6000 фунти, е дијамантски Ролекс кој Елвис го добил за Божик од својот менаџер Том Паркер.
Тоа бил последниот Божик на Елвис, бидејќи наредната година починал. Корсетот на Мадона бил дизајн на Жан Пол Готје и бил направен од зелена свила и украсен со конец и бисери. Аукциската куќа Кристи проценува дека корсетот ќе биде продаден следната седмица за најмалку 10 илјади фунти.