Кристиевата аукција на луксузни часовници ги надминала очекувањата на експертите со заработка од 28,5 милиони долари, пренеле медиумите. Во центарот на вниманието на аукцијата одржана во Женева била продажбата на рачен  часовник од розе злато кој бил рачно изработен од швајцарскиот часовничар Патек Филипе во 1968 година. Овој часовник бил продаден за 2,1 милиони долари, што било двојно повеќе од очекуваната цена.

Уште еден интересен предмет на аукцијата, која траела 9 часа, бил и Ролекс часовникот кој го носел Роџер Мур како Џејмс Бонд во филмот „Живеј и пушти ги другите да умрат“, кој бил продаден за 240 илјади долари. Околу 222 продавачи од 39 земји учествувале на аукцијата, било соопштено од аукциската куќа Кристи.