На аукција одржана од аукциската куќа „Кристи“ бил продаден часновник на Џејмс Бонд, кој го носел актерот Шон Конери во филмот „Грмотевица“. „Брејтлинг“ часовникот бил продаден за неверојатни 160 илјади долари, а посебно бил направен за потребите на филмот, па така одржел и Гајгеров борјач, како полесно би се откриле радиоактивни НАТО бомби во филмот. Часовникот се гледал на раката на Бонд во неколку сцени, како и во онаа популарната кога агентот нурка со него како би открил дали во близина има подморница со такви бомби.
За време на снимањето на таа сцена, на актерот часовникот му се лизнал од раката и долго време бил загубен, за неодамна да биде повторно пронајден. Ова не е прв пат часовник на Бонд да биде продаден за голема сума пари. Имено, пред неколку години на слична аукција, часовник Ролекс, кој Роџер Мур го носел во филмот “Live and let die”, бил продаден за повеќе од 231 илјада долари.