Стронциумски часовник, кој е развиен во соработка на Американскиот национален институт за стандарди и технологија и Универзитетот Колорадо, ги соборува сите рекорди во прецизност. Според тврдењата на неговите творци кои прототипот го опишале во стручното спиасние „Нејцер“, стронциумскиот часовник е дури за 50 проценти попрецизен од претходниот рекордер, таканаречената “квантно-логичка стоперка“, а тестовите покажуваат дека нема да оди напред или да доцни ниту една секунда ни после пет милијарди години.
Станува збор за најновиот во низата се попрецизни часовници произведени откако во 1949 година бил конструиран првиот атомски часовник. Атомските часовници овозможиле многу за нас познати технологии, вклучувајќи ги и GPS системите, компјутерските мрежи и телекомуникациските мрежи. Научниците, се разбира, сосем основано тврдат дека новиот мерач на времето е неизмерно посложен од оној околу нашиот рачен зглоб или дигиталните часовници на нашите работни маси. Неколку илјади атоми на стронциум се „заробени“ околи стотина оптички решетки во облик на палачинка, кои со ласер се стимулираат да се движат, при што осцилираат 430 билиони пати во секунда, многу побрзо од досегашните цезиумски часовници.