Изгубеното време од неодамна може да се пресмета со едноставен часовник кој количината изгубено време ја пресметува со множење на бројот на луѓе на некој состанок, нивната просечна дневница и потрошеното време.
Производителите на необичниот часовник пресметале дека на состаноците дневно се губат и по четири часа, а додале и дека часовникот е ефикасен лек против досадните состаноци. Часовникот го нарекле „Времето е пари“, а може да се користи и како обичен часовник. Се продава преку интернет за 20 долари.