Плажата Метропол беше полна летово (и сеуште е), а организацијата и чистотата беа задоволителни. Оваа плажа со традиција ги исполни сите услови поставени од Министерството, па дури и дигитален часовник и бежичен интернет. Сепак, мора да се „падне“ на мали работи. Веднаш до часовникот, кабина за преслекување (треба да има барем 3-4) на која не се затвора вратата, па капачите на менување „купачи“ мора да одат со придружба – некој да им ја држи вратата. А и една е, па често се прави редица пред неа.


Друга чудна ситуација е завршувањето на работното време на спасителите на вода во 18.00 часот. Капачи некогаш има до крај, до 20.00. И тогаш може некому да му е потребна помош.

Сепак, со сите маани, преодна оценка за Метропол. Да биде поквалитетно в година.