Долни сарај Охрид

Од 27.07.2023 - 22:30 до 28.07.2023 - 00:30

Најголемото балканско стендап шоу ова лето „Best of Balkan“ (најдоброто од Балканот), ќе се случи вечерва на летната сцена Долни сарај во Охрид. За настанот постои голем интерес, што ветува добра забава исполнета со креативен хумор, кој е единствен на овие простори.

На шоуто ќе настапат најпознатите стендап комичари од регионот: Александар Перишиќ, Срџан Олман, Никола Силиќ, Андрија Дабановиќ и нашиот Никола Тодороски.

Големото шоу со најдобрите стендап комичари од Балканот на Долни сарај, почнува во 22:30 часот. Влезниците, во ограничен број, чинат 400 денари и има само уште малку. Можат да се купат онлајн на „online-podium“ и на добро познатото продажно место во охридската чаршија кај Аждер. Исто така карти може да се резервираат на бројот: 075 283 066. – информираат организаторите.

Седиштата на Долни сарај не се нумерирани, а на публиката и се порачува да дојде малку порано пред почетокот на настанот. Вратите се отвараат во 22 часот, а шоуто почнува половина час подоцна.

За време на шоуто не очекува ведро и пријатно време.

OhridNews