Водечката екипа на табелета во Серија А, Милан, сериозно работи на трансфер пазарот и е пред доведување на два нови фудбалер на „Сан Сиро“.

Според најавите на реномираниот италијански новинар Фабрицио Романо, „росонерите“ ќе ги доведат Марио Манџукиќ односно Фикајо Томори.

Манџукиќ во Милано треба да допатува уште денеска каде што ќе ги финализира преговорите и помине потребните медицински тестови, додека дефанзивецот Томори договорот за позајмица од Челси треба да го потпише денеска, а на „миланезите“ ќе им се приклучи до крајот на следната недела, информира Романо.

Со овие две засилувања, Милан, става јасна порака до ривалите и најавува борба за Скудетото во италијанското „Калчо“.

OhridNews