Крилниот офанзивец Златко Чашитоски е оптимистчки расположен во пресрет на гостувањето на составот на “градежниците“ кај Еуромилк во Скопје. Домаќините на домашен терен од досега одиграните четири меча, два пати претрпеаа  победија, а два пати беа поразени. Порази претрпеа на првите два домашни меча против Беласица со 4-3 и Охрид со 0-1, додека ги победија Тиквеш со 2-1 и Дрита 4-2.


Доста битен меч за одржување во врвот на табелата во кој најмалку очекувам не`поразени да се вратиме од гостувањето во Скопје. Еуромилк е солидна екипа составена од доста искусни фудбалери, но ние имаме свои адути кои се надевам ќе знаеме да ги искористиме – вели Чашитоски.

Натпреварот Евромилк – Охрид Лоте, ќе биде судир на две екипи со иста гол разлика, 14-12. Двата тима го имаат најефиксаниот напад, но ја имаат и најпорозната одбрана во лигата.

М.П.