По една чаша црно вино на ден им препишале ветеринарите на мајмуните во зоолошката градина во Сибир. Грипот, како новиот така и сезонскиот, е присутен насекаде. Мајмуните можат да се заразат исто така бидејќи нивниот организам е сличен на човековиот. Според локалните медиуми мајмуните виното го пиеле со големо уживање.
Ветеринарите внимателни пратат мајмуните да не ја пречекорат дневната доза, бидејќи биле забележани како е обидуваат да украдат шишиња со вино. Околу 2000 луѓе во Русија се заразени со новиот грип. Од новиот вирус Ах1н1 во таа земја умреле 5 луѓе од кои 4 во Сибир.