Секој петти човек постар од 50 години има хронична болка во колената како последица на артритис, а жените на тоа може да му излезат во пресрет со пиење на чаша полу-обезмастено млеко на ден.
Жените кои често чувствуваат болка во колената како последица на артритис, би требало секој ден да пијат чаша полу-обезмастено или обрано млеко, советуваат експерти од американската болница Биргам во Бостон. Според нив, секојдневното пиење млеко делува како превенција од болка и други симптоми на артритис и подобрување на здравјето на коските.
Јогуртот, сирењето и другите млечни производи ги немаат истите својства во превенција на остеоартритисот, ивестуваат научниците и предупредуваат дека јадењето сирење може дури да ги влоши симптомите. Исто така, заклучиле дека секојдневното пиење на млеко нема никаков ефект на намалување на болката во колената кај мажите.
Остеоартритисот е најчест предизвикувач на болките во зглобовите и коските кај луѓето од средна и постара возраст, а секој петти човек постар од 50 години и половина од луѓето постари од 80 години имаат хронични болки во колената како резултат на артритисот.
извор:24sata.hr