Холивуд е наводно побогат за уште еден звезден пар. Чарлиз Терон и Шон Пен биле забележани на романтична вечера во еден ресторан во Санта Моника. За време на вечерата нежно се гледале и се смешкале еден на друг. Пријатели се веќе долги години, а Шон и бил рамо за плачење кога прекинала со Стјуарт Таунсенд.


Пен многу пати изјавил дека Терон е прекрасна, а таа пак за него рекла дека е вистински гениј. Откако прекинала со Стјуарт, Терон никако не може да се засити со холивудските актери. Претходно била забележана, исто така пред еден ресторан, каде била на вечера со Киану Ривс.