Џорџија Џоунс е нова девојка на Чарли Шин. И овој пат, познатиот актер е во врска со порно актерка. Заедно ја дочекале новата година на забава во Кабо Сан Лукас во Мексико. Присутните рекле дека цела ноќ страствено се бакнувале.

Атмосферата во која разменувале „нежности“ била зачинета со алкохол и многу цигари. Шин е познат како љубител на порно актерките. Имено, пред две години живеел со порно актерките Бри Олсен и Натали Кенли кои ги нарекувал свои божици. Во тој период поради бројните испади добил отказ од серијата „Два и пол мажи“.