Актерот Чарли Шин кој се прослави со улогата во хумористичната серија “Два и пол мажи“ најави дека неговото ново шоу “Anger Management” ќе се прикажува на телевизија од 28 јуни. Шоуто почнува да се снима на 22 март, а претседателот на продукциската куќа “FX”, Џон Ландграф признал дека на почетокот бил скептик поради Чарли, кој поради несогласувања со  продуцентите доби отказ од серијата „Два и пол мажи“.


Шоуто на Чарли Шин ќе биде прикажано на телевизијата FX истата вечер кога е закажана и првата епизода на шоуто на Расел Бренд, “Strangely Uplifting”. “Anger Management” на Чарли ќе му биде прва серија по „Два и пол мажи“, која продолжи да се снима со Ештон Качер.