Америкаснкиот актер Чарли Шин од пред неколку дена се наоѓа во болница. Според изјавата на неговиот претставник за медиумите, актерот бил хоспитализиран поради силни болки во градите.


Вебсајтот ТМЗ Њус навел ека Шин од својата куќа бил одвезен во болница со возило на брза помош. Тој моментално глуми во популарната серија „Два и пол мажи“. Славата ја стекнал глумејќи во филмовите „Вол Стрит“, „Прва лига“ и „Вод“.