Проблематичниот актер Чарли Шин сега живее со својата мајка и вели дека ужива, бидејќи таа била многу организирана и педантна личност. Оваа година за него била многу турбулентна, бидејќи се развел од сопругата, останал без ангажман во серијата „Два и пол мажи“ и на крајот завршил на одвикнување.


Пријател на Чарли раскажал дека тој уживал со мајката Џенет која секојдневно му готвела и го поттикнувала да живее здраво, како повторно би бил способен да се грижи за своите деца. Џенет одлучила да ги преземе конците на неговиот живот во свои раце и заклучила дека единствен начин Чарли да остане трезен е доколку таа живее со него. Чарли има четири деца, две ќерки од бракот со Денис Ричардс и близнаци од бракот со Брук Милер.