Чарли Шин уловил уште една порно ѕвезда. Овој пат тоа е 24-годишната Брет Роси,  а познатиот актер тврди дека е посреќен од било кога. Тој зборувајќи за нив двајца рекол дека таа е најубавото нешто што му се случило. Конечно пронашол некој на кој може да му даде љубов. Знае дека ќе има негативни коментари бидејќи целиот свет бил обземен од љубомора, но благодарен бил на можноста повторно да сака.

На јахта во водите покрај мексиканскиот град Каво Сан Лукас, Чарли и Брет страсно се бакнувале. Актерот постојано балежно се смеел и својата изабраничка ја галел по целото тело. Актерот од риболов се вратил без ниту една риба, но многу среќен, иако во тек е парницата околу старателството над близнаците Макс и Боб која ја води со поранешната сопруга Дениз Ричардс.