Иако се разведени, актерот Чарли Шин и Брук Милер минале заеднички викенд во Мексико, славејќи го нејзиниот роденден кој бил на 19 август. Поранешната сопруга на Чарли Шин, која на почетокот на минатиот месец излегла од рехабилитација, неодамна на своите пријатели им рекла дека е повторно во контакт со Чарли, и дека постои можност повторно да бидат заедно.
По разводот, Чарли Шин морал на Брук да и исплати 1,8 милиони долари како епилог од бракоразводната парница, и 55 илјади долари месечно на име алиментација. Сепак, откако го напуштиле сите девојки, тој повторно почнал да се гледа со Брук, за што потврдил и на неговиот Твитер налог.