Чарли Шин се спогодил со студиото „Варнер Брос“ по отказот во серијата „Два и пол мажи“ и од целата приказна излегол побогат за 125 милиони долари. Откако поради пијанствата на снимањата и проблематичното однесување добил отказ, актерот барал оштета од 300 милиони долари поради неправедно отпуштање од серијата.


Според законот на синдикатот веднаш ќе добие 25 милиони долари, бидејќи осум години глумел во серијата. Останатите 100 милиони ќе ги добие бидејќи снимил 180 епизоди и бидејќи серијата успеала најмногу поради неговиот главен лик. Шин изјавил дека е задоволен од исходот на спогодбата, а додал дека како не би бил, кога повеќе заработил со отказот отколку со работата.