Контраверзниот Чарли Шин објави дека се оженил со порно актерката Брет Роси. Наводната венчавка се случила во Рејкјавик во куќата, во која како што вели Шин, Горбачов и Реган направиле некои историски важни работи.
„Ова е куќата во која Горбачов и Реган направија некои историски важни работи. Исто така е куќа во која јас и С се венчавме“. Инаку, Брет има прекар Скоти, па затоа ја потпишал како С. Шин фотографијата ја поделил со фановите на твитер. На неа се тој и Брет како седат на скалите пред некогашната француска амбасада во Рејкјавик.