Денис Ричардс(39) со својот поранешен сопруг Чарли Шин(44), потпишала договор со кој тој целосно се откажува од сите права на старателство над нивните ќерки Сем и Лола.
Тие се развеле откако тој неколку пати физички ја нападнал својата сега веќе поранешна сопруга. Чарли и понатаму ќе мора да продолжи да ја плаќа алиментацијата која изнесува околу 40 илјади долари месечно.