Американскиот актер Чарли Шин повторно им се вратил на старите навики и повторно станал зависен од дрога. Некогашната ѕвезда на серијата „Два и пол мажи“ скоро секој ден конзумирал кокаин и други опојни средства, пренеле медиумите.
Упатен извор рекол дека Чарли Шин во последниве неколку месеци потрошил голема сума пари на дрога. Често земал кокаин и немал намера да престане. Шин повеќе пати бил на рехабилитација како би се одвикнал од дрогата, но пред неколку месеци, откако минатата година ја минал во еден центар за рехабилитација, изјавил дека не верува во методите на лекување кои се применуваат таму.