Актерот Чарли Шин, само неколку седмици откако ја израдувал колешката Линдзи Лохан, подарувајќи и чек од 100 илјади долари како би ги решила финансиските проблеми, дал 75 илјади долари на девојка болна од рак. Холивудскиот актер во разговор со еден полицаец дознал дека неговата десетодишна ќерка боледува од рак.
Според медиумите, Шин бил допрен од болката на човекот и одлучил да му помогне, сметајќи дека ниту еден родител не заслужува да проживее таква драма. Актерот напишал чек на 75 илјади долари и му го дал на полицаецот, со желба ќерката што побрзо да му оздрави. Тој пред неколку дена изјавил дека целиот хонорар за улогата во филмот “Scary Movie 5” го подарил на разни добротворни организации, а еден помал дел и дал на својата нова пријателка Линдзи Лохан.