Контраверзниот актер Чарли Шин повторно се нашол во центарот на медиумското внимание, кога била подигната полициска истрага против него бидејќи наводно со нож го нападнал својот стоматолог. Шин минатиот четврток бил во посета на стоматолог, а инцидентот се случил кога забниот техничар се обидел да му даде занестезија, што кај Чарли предизвикало бурна реакција, па го нападнал техничарот.

После тоа Шин со нож го нападнал стоматологот, кој минал без повреди. Стоматологот исто така изјавил дека Шин бил под дејство на кокаин, како што потврдил и телохранителот на актерот. Истрага е во тек, а ѕвездата е соочена со можно обвинение за тежок напад и за нанесување телесни повреди.