Актерот Чарли Шин кој минатата година ја минал во центар за рехабилитација како би се одвикнал од дрогата, изјавил дека не верува во методите за лечење кои се применуваат во центрите. Рекол дека тоа не е за секого и дека не постои лекување кое им одговара на сите луѓе, а него дефинитивно не му годело. Контраверзниот актер открил дека успеал да го остави својот најголем порок самиот, без нечија помош, и без придржување на програмата во 12 чекори која му ја препорачале лекарите.
И додека се ослободил од еден порок, актерот сепак не успeал да го остави алкохолот. Сепак тоа не го загрижувало премногу. Рекол дека се живее во земја во која секогаш има време за алкохол. Додал дека еден час со алкохолот е еден час среќа за секого. Актерот наскоро се враќа на телевизиските екрани, со една од главните улоги во телевизиската серија “Anger Management”. Шин изјавил дека е воодушевен од новата улога и истакнал дека ликот кој ќе го толкува е идентичен со вистинскиот Чарли.