Чарли Шин е прогласен за најплатен телевизиски актер во САД и покрај тоа што ја изгубил улогата во култната серија “Два и пол мажи“.
Жестоката расправија која ја имал Чарли со авторот на серијата, Чак Лори, била само прва во низата бизарни постапки на актерот кои на крајот довеле до отпуштање.


Ештон Качер ја презел главната улога во хит серијата, но Шин сепак успеал да се најде на првото место на листата најплатени актери, благодарение на неверојатната заработка од 40 милиони долари во периодот од мај 2010 до мај 2011 година. На второто место се нашол Реј Романо со заработка од 20 милиони долари, а на третото Стив Карел со 15 милиони.