Чарли Шин смета дека тој е идеалната личност која може да ја спаси Линдзи Лохан, бидејќи како некој кој минал низ слично искуство, најдобро ја разбирал актерката која е позната исклучиво по скандалите. Тој изјавил дека неа очиглено и е потребен ментор, без оглед на тоа дали го сака или не. Според него, таа можела да му се обрати за совет како на човек кој минал низ пекол.
Тие се запознале за време на снимањето на филмот „Страшен филм 5“. Бидејќи неодамна и позајмил сто илјади долари да ги реши проблемите со неплатениот данок, се чини дека Чарли Шин е упорен во намерата да ја спаси колешката од пропаст.