48-годишниот актер Чарли Шин по 30 години откако бил избркан од средното училиште во Санта Моника поради неприсуствување на настава, успеал да матурира и да ја добие дипломата за завршено средно образование.


“Имам лоша навика да оставам многу работи незавршени, но фактот што 30 години не успеав да матурирам беше нешто што одсекогаш ме мачеше” изјавил Шин.

Во едно интервју изјавил дека матурирањето му е еден од најголемите успеси во својот живот, а дипломата ќе ја стави на место каде што сите ќе можат да ја видат.