Откако признал дека е зависен од кокаин, Чарли Шим одлучил да се испроба во музиката и веќе се подготвува за турнеја која започнува во април, а главен соработник ќе му биде Снуп Дог.


Шин на својот твитер профил објавил фотографија од студио во Лос Анџелес, каде е во друштво на Роб Патерсон, гитаристот на групата „Филтер“ и раперот Снуп Дог, со кои ја подготвува својата музика. За турнејата која ќе се одржи во април, неговите концерти во Детроит и Чикаго биле распродадени за 18 минути.